Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ ја коментираше кампањата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски – „Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените!“. Мециновиќ во својата објава истакнува „пример, замисли да си ДПМНЕ, и да не си само година дена на власт, туку цели четири, од кои три во кохабитација со СДС во многу љубов и разбирање“.
-И пример, додека си соучесник и протагонист во сите корозивни процеси во изминатите 10 години, навикнат си додека го поткрепуваш статус-квото да глуматаш дека ти си решение за негово надминување. И после долго глуматање – финале во кое сам себе си опозиционираш. Нагласувајќи дека доаѓа некое ветено време, додека си веќе на централна власт, и во пред-кампања за локални ќе градиш темели на промени во општините каде веќе владееш четири години, посочува пратеникот.
Според него, јадрото на комуникацијата на власта е: ние владееме, вие слободно во меѓувреме мечтајте за некои подобри времиња.
-Без искрена комуникација на идеи и одговорност. „Just vibes“, порачува Мециновиќ.
The post Мециновиќ до премиерот: Додека си соучесник во сите корозивни процеси во изминатите 10 години, навикнат си да глуматаш дека ти си решение за нивно надминување appeared first on Локално.