0
Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе ја посети Клиничката болница во Тетово.
Во оваа болница 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време, најави вчера на прес-конференција министерот Алиу.
Со ова, како што рече, ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус.