Почеток МАКЕДОНИЈА Министерот Лимани во посета на Корча, најави отворање македонски конзулатот во овој град

Министерот Лимани во посета на Корча, најави отворање македонски конзулатот во овој град

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска престојуваше во Корча, Албанија на официјалниот почеток на туристичката сезона, со познатиот маскенбал од Корча.

Во изјава за албанските медиуми тој најави дека се во тек  активности за отворање македонски конзулат во овој град, во југоисточна Албанија.

-Ја разгледуваме можноста за отворање конзулат тука што ќе биде можност повеќе за заедничка туристичка понуда, но и унапредување на соработката во целина. Чест и посебно задоволство ми е што денес се наоѓам во Корча, по покана на градоначалникот, Сотираќ Фило, за да присуствувам на официјалното отворање на летната туристичка сезона 2025, објави ABC news.

Градоначалникот на Корча Фило рече дека е важно да се понудат заеднички туристички пакети  што ќе биде нов импулс во промовирањето на убавините на двете земји и привлекување што поголем број туристи.

Според телевизијата Корча, Охрид, Струга и целата околина веќе имаат потенцијал да станат туристичко подрачје кое може да привлече посетители од регионот и пошироко.

Објава на Фејсбук за посетата има и министерот Лимани.

-Во време кога социјалните и демографските предизвици бараат заеднички одговори, цврсто верувам дека мора да се продлабочи соработката меѓу нашите земји – во областа на младите, социјалните политики, одржливиот развој и промоцијата на културниот туризам. Само преку искрено партнерство и заедничка визија можеме да изградиме подобра иднина за идните генерации, пишува меѓу другото во објавата.

Посакува  ова лето да биде сезона на обединување, радост и развој за сите.

-Да го продолжиме градењето на нашата меѓусебна соработка врз вредностите што нè обединуваат: гостопримството, трудољубивоста, љубовта кон татковината и почитта еден кон друг. Посакувам ова лето да биде исполнето со позитивна енергија и незаборавни моменти – токму тука, во магичната Корча, посакува Лимани.

Фото: Фејбук на министерот Лимани

МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro