Почеток СПОРТМинистерот Ристовски ги испрати младите кошаркари на ЕП (М18) – А дивизија во Белград

Министерот Ристовски ги испрати младите кошаркари на ЕП (М18) – А дивизија во Белград

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска ја посети македонската јуниорска кошаркарска репрезентација на завршниот тренинг пред настапот на ЕП (М18) од А дивизија во Белград.

Ристовски на македонските репрезентативци им посака успешен настап на претстојното европско првенство, гордо и достојно да ја претставуваат Македонија.

– На нашите млади кошаркари им посакувам успешен настап на ЕП (М18), да играат со срце за Македонија и за македонската публика. Оваа генерација е единствената од нашите кошаркарски селекции што ќе се натпреварува на ЕП во најсилната А дивизија. Местото во најсилната конкуренција го изборија со супериорниот триумф на европскиот шампионат од Б дивизија минатата година. Посакуваме така да продолжат и на претстојниот шампионат во најсилна конкуренција – порача Ристовски.

На континенталниот собир на најдобрите млади кошаркари до 18 години, репрезентацијата на Македонија ќе игра во група со селекциите на Литванија, Грција и на домаќинот Србија.

Јуниорите се единствената македонска кошаркарска репрезентација што настапува на Европско првенство во најсилната А дивизија.

Пласманот на ЕП 2025 – А дивизија во Белград, македонските јуниори го обезбедија откако лани супериорно без пораз ја освоија титулата на европскиот шампионат во Б дивизија што се играше во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа