
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027.
Македонските кошаркарски репрезентативци во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи се подготвуваат за настап во втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година која ги очекува во август.
Министерот Ристовски, на покана на претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Тони Главчев, го посети и попладневниот тренинг на машката сениорска репрезентација на Македонија, посакувајќи им успешен настап во августовските квалификации.
Во рамки на посетата, како што соопшти МКФ, министерот Ристовски имаше можност да се запознае со условите кои спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи им ги нуди во подготовките на македонските репрезентативци.
netpress.com.mk