5
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска објави дека општините, без оглед на политичката припадност на нивните градоначалници, активно учествувале добивање на проекти финансирани од Владата на Северна Македонија. Во рамките на ова министерство и за овие проекти апликации поднеле и општини како Арачиново, Кичево, Липково, Врапчиште и Шуто Оризари, кои се под раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Европскиот фронт.