Почеток СПОРТОстанати спортовиМинистерството за спорт – официјален покровител на Првиот Регионален Спортски Самит во Скопје

Министерството за спорт – официјален покровител на Првиот Регионален Спортски Самит во Скопје

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Оваа година, како што веќе најавивме, на 10 септември Скопје ќе биде домаќин на Првиот Регионален Спортски Самит кој ќе се одржи во DoubleTree by Hilton Skopje.

Како настан кој има за цел да придонесе за развојот на спортот кај нас, преку искуства од регионот, со огромна гордост најавуваме дека Министерството за спорт е официјален покровител на Првиот Регионален Спортски Самит под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“.

Годинава, главниот град ќе стане центар на регионалниот спортски дијалог, обединувајќи експерти, институции, спортски работници, млади спортисти и визионери од целиот регион.

Овој иновативен и стратешки значаен настан, прв од ваков тип во земјата, претставува платформа за креирање нови идеи, политики и партнерства што ќе го унапредат спортот како клучен сегмент од националниот идентитет и двигател на општествениот развој.

Со поддршката на Министерството за спорт, самитот има за цел да создаде конкретни предлози и иницијативи за модернизација на спортската инфраструктурапоголема вклученост на младите, како и развој на одржлив спортски екосистем во државата и регионот.

„Министерството за спорт со особена чест ја прифти поканата да биде  покровител на Првиот Регионален Спортски Самит, кој оваа година ќе се одржи во Скопје под силната и инспиративна порака – ‘Спортот како национален идентитет и визија за иднината’. Веруваме дека спортот не е само физичка активност, туку моќен двигател на општествена кохезија, национална гордост и позитивни промени кај младите генерации. Овој самит претставува важен чекор кон создавање нова визија за развојот на спортот во земјата и регионот, преку соработка, размена на искуства и дефинирање на конкретни политики и стратегии. Како институција, остануваме целосно посветени на поддршка на вакви иницијативи кои ја промовираат улогата на спортот во општеството, ја стимулираат иновацијата и инвестициите, и ја поставуваат основата за одржлива спортска иднина. Го поздравуваме овој самит како платформа што обединува идеи, визии и решенија – и ја потврдуваме нашата заложба за долгорочна, стратегиска и суштинска поддршка на спортот во Република Македонија.“ – изјавија од Министерството.

Можно е и ова да ти се допаѓа