Почеток МАКЕДОНИЈА Мисајловски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна

Мисајловски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На конференцијата по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“, беше потенцирано дека безбедносната состојба во земјава е стабилна.

„Безбедносната состојба во земјава е стабилна и е на највисоко ниво но, секогаш треба да бидеме подготвени на опасноста од радикалните структури, како и на евентуални мигрантски бранови, поради случувањата на Блискиот Исток. Затоа, важна е размената на безбедносните и разузнавачките информации со партнерите од НАТО“, рече министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На настанот беше истакнато и значењето на изборите кои се случуваат денеска во САД, еден од најважните членови на НАТО и дека кохезијата и спремноста на НАТО не може да се одржува без САД. Токму затоа исходот од изборите во САД ќе бидат значајни и ќе имаат свој ефект врз иднината на НАТО како оргазниазција. Кој ќе влезе во Белата куќа следниве години треба да биде свесен за оваа одговорност не само за земјата, туку и за Европа и за сојузните во НАТО. 

Конференцијата беше организирана од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и со поддршка на сестринската фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro