Почеток МАКЕДОНИЈА Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата

Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во вечерашното гостување на МРТВ изјави дека следува модернизација на Армијата.

Буџетот во Армијата ќе биде 2%, но и ќе се зголемува низ годините вели Мисајловски.

-Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на Нато го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќе тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети, појасни министерот Мисајловски.

-Побаравме поголем Буџет за следната година за Армијата, еве да изразам благодарност до премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата, изјави министерот Мисајловски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro