Почеток МАКЕДОНИЈАМисајловски оствари средба со директорот на Асоцијацијата за одбранбена индустрија на Турција

Мисајловски оствари средба со директорот на Асоцијацијата за одбранбена индустрија на Турција

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски во Истанбул оствари средба со директорот на Асоцијацијата за одбранбена индустрија на Република Турција, Халук Ѓорѓун, на која разговараа за актуелните новитети и предизвици во одбранбениот сектор.

-Инвестирањето во безбедносните ресурси особено во одбранбената наменска индустрија може да биде дополнителен чекор за продлабочување и јакнење на нашата билатерална соработката. Одбранбена индустрија на Република Турција бележи значаен раст и напредок, а за нас значајно е да ја следиме динамиката на развој и да ја искористиме секоја можност за стратешко партнерство, порача Мисајловски

Можно е и ова да ти се допаѓа