6
Toj е нов играч на Хапоел Тел Авив Српскиот плејмејкер и прифати тригодишен договор вреден 18 милиони евра, што го прави најплатениот кошаркар во Европа со шест милиони по сезона.
Мициќ ја избра најбогатата понуда која ја доби, а таа беше од новиот евролигаш. Хапоел веќе ангажираше звучни имиња и тимот ќе го предводи тренерот Димитрис Итудис.
Мициќ претходно двапати ја освои Евролигата со Анадолу Ефес и еднаш беше МВП, а играше и за Мега, Баерн, Црвена звезда, Тофаш и Жалгирис. Во НБА лигата тој беше дел од Оклахома, Шарлот и Феникс.