Почеток МАКЕДОНИЈАМицкоски: Ако ЕУ воведе царини од 100 проценти за Русија, Македонија ќе го стори истото

Мицкоски: Ако ЕУ воведе царини од 100 проценти за Русија, Македонија ќе го стори истото

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави, по повод повикот на САД до европските земји да воведат 100 проценти царини на руските производи, дека Македонија, како земја што ја усогласува својата политика со ЕУ, ќе го стори истото.

„Ние сме првата земја во регионот чија надворешна и безбедносна политика е 100 проценти усогласена со ЕУ, па затоа ќе го следиме тој процес и доколку се донесе таква одлука, ние како земја ќе ја спроведеме“, рече денеска Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела објави дека ќе воведе царини од 100% за Русија доколку не постигне мировен договор со Украина до почетокот на септември.

„Ако нема договор во рок од 50 дена, царините ќе бидат 100  проценти“, предупреди Трамп минатата недела од Овалната канцеларија, додавајќи дека мерката ќе се однесува и на државите што ќе продолжат да тргуваат со Русија.

The post Мицкоски: Ако ЕУ воведе царини од 100 проценти за Русија, Македонија ќе го стори истото appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа