Почеток МАКЕДОНИЈАМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо на претстојните избори

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо на претстојните избори

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе укажа дека на овие избори е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг.

-И тоа го говорат анкетите, но и нашето чувство кое го имаме изградено врз нашето искуство од комуникацијата со граѓаните. Но, сакам да кажам дека секоја победа мора да се заслужи со работа и со чесност. Нема простор за опуштеност, ниту за неоправдана ароганција, вели Мицкоски.

Мицкоски порача дека како човек во животот не добил ништо незаслужено.

-Затоа мора да се стисне секоја рака, да се побара поддршка од секој човек. Затоа што луѓето на Македонија заслужуваат шанса каква ќе понудиме и избор кој ќе биде вистинскиот. Тоа се луѓето кои ги нудиме за кандидати за градоначалници. Секој еден кандидат ќе биде вашиот човек во општината. Вашиот одговор за решавање на прашањата кои ги мачат граѓаните. И секој еден кандидат мора да се држи до вредностите и принципите кои се се во животот на еден човек. Моралниот кодекс значи секогаш да кревате телефон на граѓаните, да решавате проблеми и да создавате подобра иднина, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо на претстојните избори appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа