Почеток МАКЕДОНИЈАМицкоски е во паника порди падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите, велат од Бихаќка

Мицкоски е во паника порди падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите, велат од Бихаќка

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Да имаше Мицкоски реални резултати после 4 години локална власт и една година централна власт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе зборуваше за нив, тоа ќе му беше отчетот пред граѓаните, реагираат од СДСМ на изјавите на премиерот.

„Но, бидејќи резултати нема, посегнува по измислени сценарија и конструкции околу локалните избори.

Со истата стара реторика на поделби по политичка и етничка линија, Мицкоски повторно се обидува да ја излаже јавноста, исто како пред парламентарните избори во 2024 година.

Но, тоа веќе не поминува. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга и граѓаните нема да подлегнат на истите лаги и манипулации.

Ваквите изјави на премиерот Мицкоски само потврдуваат дека власта е во паника поради падот на поддршката и стравот дека разочараноста и незадоволството на граѓаните ќе се пресликаат на резултатот од локалните избори.

Логично е прашањето: дали токму Мицкоски е тој што подготвува хаос на изборите?“, прашуваат од Бихаќка.

The post Мицкоски е во паника порди падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите, велат од Бихаќка appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа