Почеток МАКЕДОНИЈА Мицкоски за аферата „пасоши“ на светски криминалци: Ќе барам одговорност од Тошковски ако тој не побара одговорност од Спасовски

Мицкоски за аферата „пасоши“ на светски криминалци: Ќе барам одговорност од Тошковски ако тој не побара одговорност од Спасовски

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пратеничките прашања проговори и за аферата „пасоши“ со која претходната влада и министерот Спасовски дадоа пасоши на светски криминалци и водачи на нарко кланови.

Тој објасни дека ќе бара одговорност од актуелниот министер Тошковски а тој не побара одговорност од неговиот претходник Спасовски.

Според Мицкоски, жените (службеничките) кои понесоа одговорност, биле само жртва за Спасовски да не ја понесе.

„Ќе барам одговорност од Панче Тошковски, ако не бара од вас одговорност за тоа што сте го правеле! Ваша работа е кога ќе дојде Пекер (н.з. дел од нарко клан) и ви побара пасош да го одбиете, а не да му давате во Драчево во 11 часот навечер“, рече Мицкоски

Тој додаде дека Спасовски не си ја работел својата работа, туку правел злоупотреби.

 

The post Мицкоски за аферата „пасоши“ на светски криминалци: Ќе барам одговорност од Тошковски ако тој не побара одговорност од Спасовски appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro