Веднаш после изборите ќе ги отвориме и вратите од партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на владата секогаш и треба зголемен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан, по повод отчет за четиригодишната работа на градоначалниците.
-Ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење на промени и за прв пат после долго време, на градење на заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса каква генерации и генерации млади чекаа, истакна Мицкоски.
Додаде дека овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата и дека Македонија ќе им каже не на СДС и ДУИ.
The post Мицкоски најави реконструкција на Владата по изборите appeared first on Локално.