Почеток МАКЕДОНИЈАМицкоски: Пензионерите бараа од нас ново зголемување на пензиите

Мицкоски: Пензионерите бараа од нас ново зголемување на пензиите

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите од септември. Според него, такво е барањето на пензионерите.

-Тоа веќе го најавив од есен. Тоа го бараат пензионерите од Владата. Тој процент согласно закон кој што треба да се зголеми, да биде линеарно распореден на сите корисници на пензии. Тој глас го слушнавме како Влада и денеска на владина седница треба да помине предлог-законското решение и веднаш потоа да биде испратено до Парламентот. Очекувам потоа Парламентот пред да распишување на локалните избори, тоа да го изгласа позитивно, кажа денеска премиерот на прес-конференција во Владата.

Податоците од ПИОМ откривата дека речиси идентичен број на пензионери ги добиваат најниската пензија која изнесува до 18 илјади денари и онаа која се движи од близу 44 до 62.500 денари.

Пред неколку дена власта најави дека размислува за двојно линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари, првото оваа есен, а второто напролет, како дел од планот на Владата пред локалните избори.

The post Мицкоски: Пензионерите бараа од нас ново зголемување на пензиите appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа