Почеток МАКЕДОНИЈАМицкоски: Потпишан меморандум за реализација на стратешки проект вреден една милијарда евра

Мицкоски: Потпишан меморандум за реализација на стратешки проект вреден една милијарда евра

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил, одржа прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.

-Денеска испраќаме јасен сигнал дека имаме волја, план и капацитет да го обезбедиме својот енергетски суверенитет и да го заштитиме својот економски имтерес на државата на долги патеки.

Со потпишувањето на овој Меморандум со „Казанџи груп“, отвораме простор за реализција на значаен стратешки проект вреден со една милијарда евра. Инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергерскиот систем на државата,и изјави Мицкоски.

Проектот предвидува три главни компоненти:
Развој на нови капацитети за производство на електрична енергија
Изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас, како и мерки за зголемување на сигурноста во снадбување со гас.

-Ова не е само инфраструктурен проект, ова е проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата, потенцираше Мицкоски.

„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

Можно е и ова да ти се допаѓа