Почеток МАКЕДОНИЈА Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ уште утре е подготвена за предвремени избори, но не верува дека СДСМ и ДУИ би прифатиле

Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ уште утре е подготвена за предвремени избори, но не верува дека СДСМ и ДУИ би прифатиле

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски не верува дека СДСМ и ДУИ прифаќаат предвремени парламентарни избори, заедно со локалните во 2025 година.

-Видовме како потонаа во собраниските столчиња кога практично ги извадивме на површина. Оваа Влада има четиригодишен мандат од граѓаните. Треба да ги засукаме ракавите и да работиме за доброто на сите. Ако влегуваме во такво вертиго, нема да успееме да ги постигнеме целите. Наша цел е да донесеме нешто добро за граѓаните и тоа го правиме секој ден. ВМРО-ДПМНЕ е спремен да оди на избори уште утре, но дали треба да потрошиме уште 10 милиони евра на граѓаните, ваши пари, да застане системот, да не испорачуваме реформи, за да уште еднаш СДСМ се соочи со голем пораз, кој мислам ќе биде поголем од тој што го имаа пред шест месеци, вели Мицкоски по посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Според премиерот, одлуката за избори мора да се носи во интерес на граѓаните, а не во интерес на љубители на естрада.

-Би им посакал на двете поголеми опозициски партии (СДСМ и ДУИ) програмски и кадровски да се освежат и тоа да го покажат на следните локални избори. Потоа ќе зборуваме дали има потреба од предвремени парламентарни избори и дали Владата се уште ужива доверба кај граѓаните. Повторувам ВМРО е подготвен уште утре да оди на избори, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ уште утре е подготвена за предвремени избори, но не верува дека СДСМ и ДУИ би прифатиле appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro