0
На 21.07.2025 во 23.10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(32) од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ со охридски регистарски ознаки, управуван од И.С.(22) од Охрид.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.