Почеток Многу луѓе во Рим гладуваат, а се фрлаат тони храна, вели папата Франциско

Многу луѓе во Рим гладуваат, а се фрлаат тони храна, вели папата Франциско

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Папата Франциско вчера на римскиот бискупски собир за нееднаквоста рече дека луѓето не треба да фрлаат храна во главниот град на Италија кога многу луѓе гладуваат.

– Како да прифатиме во нашиот град да се фрлаат тони храна, а во исто време да има семејства кои немаат што да јадат, праша тој, пренесе Анса.

Папата истакна дека тоа го гледа дури и во ресторан во близина на Ватикан и додаде дека има илјадници празни места, додека илјадници луѓе спијат на тротоар.

Текстот Многу луѓе во Рим гладуваат, а се фрлаат тони храна, вели папата Франциско е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro