Почеток БАЛКАН Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ

Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Осум лица се уапсени синоќа во Босанска Крупа и Бихаќ, БиХ, во рамки на акцијата поврзана со терористичкиот напад во кој загина полицаецот Озрен Маран, а беше ранет неговиот колега Авдо Хасановиќ. Информацијата за апсењето за порталот „Аваз“ ја потврди полицијата.

Кај уаспените е пронајдено големо количество оружје, одземени се централни единици, паметни телефони, лаптопи, преносни компјутери, пари, УСБ и поголема количина хартија со текстови на арапски јазик.

Апсењата доаѓаат по нападот кој 15-годишник го изврши во полициска станица во Босанска Крупа, каде со нож уби еден, а рани друг полицаец. Нападот е прогласен за терористички напад, имајќи предвид дека малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик.

15-годишник закла полицаец во БиХ

Како што тврди извор од истрагата за босанските медиуми, напаѓачот потекнува од семејство чиј татко е член на вахабистичкото движење, а често бил виден со истомисленици во кафуле во Босанска Крупа. Неговиот профил на Фејсбук, кој е полн со исламистички карактеристики, укажува дека тој е исламски екстремист, наведува АТВ.

The post Многу оружје и документи на арапски запленети по апсењето на осум лица поврзани со тинејџерот кој уби полицаец во БиХ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro