Почеток КУЛТУРА МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“

МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ.

Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал. (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro