Почеток Молдавија на референдум изгласа пристапување во ЕУ, Русија и Унијата со меѓусебни обвинувања за резултатите

Молдавија на референдум изгласа пристапување во ЕУ, Русија и Унијата со меѓусебни обвинувања за резултатите

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На вчерашниот референдум граѓаните на Молдавија изгласаа промена на уставот, за во него да биде вградено дека земјата е посветена на членството во Европска Унија (ЕУ).

Разликата за тие што беа “за“ и “против“ е само неколку илјади гласови, односно 50,1% од Молдавците се изјасниле „за“.

Резултатот до последен момент беше неизвесен.

Од ЕУ обвинија дека Русија се мешала во референдумската кампања, како и на претседателските избори, за кои се гласаше истовремено, и дека користелна методи на заплашување.

Русија пак обвини дека изборите не биле слободни и дека тешко било објасниво зголемувањето на бројот на гласовите на референдумот.

Во вториот круг на претседателските избори ќе одат актуелната претседателка Мају Санду, која доби 42 отсо од гласовите и поранешниот јавен обвинител Александр Стојаногло, кој освои 26 отсто.

Молдавија веќе ги почна пристапните преговори со ЕУ.

Фото: Унсплеш

The post Молдавија на референдум изгласа пристапување во ЕУ, Русија и Унијата со меѓусебни обвинувања за резултатите appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro