Поранешните членови на „Уан дајрекшн“ се простија од Лијам Пејн.
Тие во заедничко соопштение објавија дека се целосно уништени од веста за поранешниот колега.
„Во догледно време, кога ќе можеме, ќе кажеме повеќе. Сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја преболиме загубата на нашиот брат кого неизмерно го сакавме. Неговите спомени ќе бидат вредни засекогаш. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите, кои го сакаа. Многу ќе ни недостига. Те сакаме, Лијам“, се наведува во соопштението.
Лијам објави пет албуми со бендот.
Текстот Момците од „Уан дајрекшн“ се огласија: „Ние сме уништени“ е превземен од МАКФАКС.