Почеток КУЛТУРАСценаМомчето за кое страдаа најубавите жени на светот станува татко

Момчето за кое страдаа најубавите жени на светот станува татко

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Комичарот Пит Дејвидсон (31) и неговата девојка Елси Хјуит (29) ќе станат родители.

Моделот и актерка ја потврди среќната вест на Инстаграм објавувајќи фотографија од Дејвидсон како ја држи раката на нејзиниот труднички стомак, со шеговит натпис: „Па сега сите знаат дека имавме секс“. Покрај тоа, таа објави видео од првиот преглед, а потоа и фотографија од ултразвукот.

Набрзо следеа бројни честитки од нивните следбеници и блиски луѓе.

Првпат снимени во март, неразделни оттогаш

Дејвидсон и Хјуит првпат беа поврзани во март оваа година, откако беа видени како уживаат заедно во Палм Бич, Флорида. Недолго потоа, Хјуит ја официјализираше врската на Инстаграм, објавувајќи видео од Дејвидсон во бањарка како гледа цртан филм и се смее.

Во мај, тие се појавија заедно на настан наречен „Бал на цветови“, чија цел е да се подигне свеста за ендометриозата, а потоа отпатуваа во Шкотска за свадбата на Дејв Наваро. Потоа Хјуит објави фотографии и видеа од патувањето. Во едно од видеата, Дејвидсон нежно ja бакна Хјуит во чело додека одеа.

Пред осум месеци, познатиот комичар раскина со актерката Маделин Клајн, додека Хјуит претходно беше во врска со актерот Џејсон Судеикис и Рајан Филипе, кого го тужеше во 2017 година за наводно семејно насилство.

Беше со најубавите жени во Холивуд

Пит Дејвидсон со години ги полни насловните страници поради неговите романтични врски со познати жени од светот на шоу-бизнисот. Неговата прва сериозна врска беше со Кази Дејвид, ќерка на познатиот комичар Лари Дејвид. Потоа следеа бројни романси со познати дами, меѓу кои и Аријана Гранде, со која беше верен, потоа Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, Маргарет Куоли и Фиби Дајневор.

Неговата врска со Ким Кардашијан, која започна откако се бакнаа за време на заедничкото појавување во Saturday Night Live во 2021 година, привлече најголемо внимание. Двојката се раздели во август 2022 година по девет месеци врска, а изворите во тоа време тврдеа дека зафатените работни распореди и пречи на романсата.

Неодамна, во интервју за Page Six, тој отворено зборуваше за својот љубовен живот, велејќи дека мисли дека медиумите пишувале толку многу за неговите врски затоа што го сметаат за „грд“.

„Сите во Холивуд излегуваат со некого – погледнете ги Пол Мескал, Тими Шаламет, Бери Кеган“, рече Дејвидсон. „Но, бидејќи сум грд, тие пишуваа за мене. Ме малтретираа пет години и ми го направија животот пекол“.

Тој додаде дека тој период бил „понижувачки и вознемирувачки“ за него.

The post Момчето за кое страдаа најубавите жени на светот станува татко appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа