0
На улицата „Партизанска“ во Охрид се случи сообраќајна несреќа помеѓу возило „пежо“ управувано од Б.И.(32) од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ управуван од И.С.(22) од Охрид.
Во несреќата со тешки повреди се здоби мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Текстот Момче е повредено во сообраќајка во Охрид е превземен од А1он.