Почеток МАКЕДОНИЈАМојсоска повторно бара јавно објавување на патните трошоци и кириите на пратениците

Мојсоска повторно бара јавно објавување на патните трошоци и кириите на пратениците

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пратеничката од редовите на Левица, Јована Мојсоска повторно побара јавно објавување на патните трошоци и кириите на пратениците. Смета дека е недозволиво Собранието да крие. Вели дека добиле одлука од Агенцијата за пристап до јавни информации дека Собранието незаконски го одбило нивното барање.

-Парцијално ги добиваме тие одговори и се додека не ги добиеме во целост, ќе бараме час пауза на собраниските седници. На пратениците нема да им менува уште еден час плус. Тој еден час пауза е многу помал трошок од демократијата и транспаретноста како едни од заложбите на Собранието. Цензурата на оваа власт е многу поскапа од било кој еден час климатизација, рече Мојсоска во изјава од Собранието.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во 2020 година објави анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година, кој покажа дека вкупниот трошок во овие пет години е 2.895.605 евра.

ДКСК тогаш потенцираше дека има тенденција на намалување на трошоците за превоз – ако во 2015 година биле исплатените надоместоци за користење на автомобил од 770.883 евра, во 2016 – сумата се намалува на 698.797 евра, во 2017 на 512.000, во 2018 година се движи околу 522.930 евра, а во 2019 година се исплатени 390.993 евра. И тогаш беше утврдено дека 23 пратеници имале сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство во Скопје, но и покрај тоа примале надоместоци за користење автомобил за доаѓање и враќање на работа, односно за патување до Скопје и назад.

Висината на надоместот на закупнина на стан за пратениците изнесува 400 евра месечен бруто износ, а надоместот следува врз основа на писмено барање кое содржи лична изјава заверена кај нотар дека барателот нема во сопственост или под закуп стан или куќа, во површина најмалку од 80 метри квадратни во Скопје.

The post Мојсоска повторно бара јавно објавување на патните трошоци и кириите на пратениците appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа