Почеток МАКЕДОНИЈА Мртва жена со повреди била донесена во болница

Мртва жена со повреди била донесена во болница

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полицијата извести дека вчера од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека Б.З.(70) и М.З.(45) од село Чешиново, кај нив со повреда на главата ја донеле почината нивната сопруга односно мајка, Ѓ.З.(69).

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител и поради сомнение за нивна инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Б.З. и М.З..

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Од извршената обдукција е констатирано дека не се работи за насилна смрт туку истата починала од срцев удар.

Текстот Мртва жена со повреди била донесена во болница е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro