Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на отворањето на дводневната работилница на тема „Клучни аспекти во развојот на нов механизам за скрининг на странски директни инвестиции во Македонија“, што се одржува во Скопје на 23 и 24 јули.
Настанот е организиран со поддршка на Министерството за трговија на САД – преку Програмата за развој на трговското право (CLDP), во координација со Стејт департментот, Министерството за финансии на САД и Амбасадата на САД во Скопје, а учествуваат и експерти од Чешка и Романија.
Министерот истакна дека оваа иницијатива не е само правна, туку и стратешка реформа со која ќе се воспостави ефикасен систем што ги заштитува националните интереси и истовремено го зацврстува инвестицискиот потенцијал на земјата.
Работата на механизамот е директно поврзана со процесот на пристапување кон ЕУ, особено во рамките на обврските од Кластерот 6 – Надворешни односи.