Денеска на територија на општина Чаир била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што информираат од МВР, нападот се случил при извршување на службени обврски на територија на скопската општина.
-На 11.07.2025 во 12:15 часот, во СВР Скопје од страна на А.Ј. е пријавено дека при извршување работни задачи на улицата Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот, по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош, појаснуваат од полицијата.
The post Напад врз Арсовска во Чаир, побарала лекарска помош во болница appeared first on Локално.