Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период се посвети на клучките околу главниот град каде што имаше големи оштетувања.
Па така, преку ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, т.е. Македонијапат, извршивме санација на оштетениот коловоз на клучката кај Белви и клучка Хиподром.
Имено, изминатиов период поради прекумерното оштетување на коловозт беше всушност извршена времена интервентна санација од причини што поради големите оштетувања беше доведена во ризик безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Со нивното санирање ја вративме безбедноста во сообраќајот. Големите ударни дупки повеќе не се опасност и оваа извршена санација ни дава простор и време да се посветиме на проектот за рехабилитација на клучката за кој е веќе даден налог за изработка, проект кој ќе биде за трајна рехабилитација и санација на целата заобиколница на Скопје вклучително и исклучувањата/вклучувањата на неа.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски утрово заедно со градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и во присуство на заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и раководителот на одделот за поддршка на директорот Љуљзим Шаќири извршија проверка над сработеното во изминатиов период кога се санираа оштетувањата.
„Санирањето е по наш налог (на ЈПДП), а го изведе ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, т.е. Македонијапат. Извршена е санација на најоштетените делови на клучката Белви и на клучката Хиподром. На клучката Белви санирани се: кракот за исклучок од Скопје кон Илинден и кракот од Белви кон Скопје. На клучката на Хиподром, пак, санирани се делот од коловозот на клучката, кракот за приклучок кон обиколницата од страна на Миладиновци и кракот за исклучок од обиколница кон Куманово. Вкупно се санирани 21.000 м2 и вградени се 4.500 тони асфалт. Вредност на работите е 57 милиони денари обезбедени во програмата на ЈПДП. Им благодарам за констуктивната соработка на Општина Илинден како и на ЈП Македонијапат за завршената санација. Продолжуваме и понатаму со времена интервентна санација онаму каде што има потреба од тоа.“-изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.