Младиот фудбалер Милош и неговата девојка Ангела загинаа во вчерашната страшна несреќа на железничката станица во Нови Сад во Србија.
Во инцидентот што се случи во 11:50 часот се урна бетонска настрешница при што загинаа 14 лица, а меѓу жртвите се младиот Милош Милосављевиќ Киви и неговата девојка Ангела Руман.
На клупите под настрешницата имало патници кои чекале возови.
Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека во страшна несреќа во Нови Сад животот го загубија нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) заедно со неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година). Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот, ангели, никогаш нема да бидете заборавени!“, беше објавено на Фејсбук страницата на фудбалскиот клуб каде што играл младиот Милош.
The post Настрешницата на железничката станица во Нови Сад ги уби младиот фудбалер Милош и неговата девојка Ангела appeared first on Република.