Научниците од Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS) и Парискиот институт за планетарна физика (IPGP) развија иновативна техника на снимање која овозможува невиден увид – како изгледа Вуклан одвнатре – до длабочина од 10 километри, со резолуција од само 100 метри, објавува Нова.рс
Фотографирањето на внатрешноста на вулканот беше речиси невозможно, но новите технологии ни даваат увид во отворот за лава.
Овој метод, инспириран од медицинското снимање и оптичките микроскопи, претставува подобрување на постоечката техника позната како „матрично снимање“. Неговата предност е што овозможува анализа на сеизмичките бранови и нивните патеки низ Земјината кора и вулканските структури, дури и кога се достапни само неколку сеизмографи (геофони), пишува Science Alert.
За тестирање на методот, избран е вулканот Ла Суфриер во Гвадалупе, чија мрежа на сензори е прилично оскудна. Сепак, користејќи сложена математичка обработка и таканаречениот ефект на меморија – начин за реконструкција на искривени сеизмички бранови – научниците успеаја да ги „исчистат“ податоците и да добијат појасна слика за внатрешните слоеви на вулканот.
Она што го откриле беа сложени магматски резервоари, поврзани со длабоки геолошки структури. Ова знаење може значително да придонесе за попрецизно предвидување на вулканските ерупции, кои во некои делови од светот можат да спасат многу животи.
Една од клучните предности на овој метод е тоа што не бара дополнителни сензори – работи со веќе постоечки податоци. Затоа, научниците веруваат дека „матричното снимање“ би можело да стане револуционерна алатка во проучувањето и моделирањето на вулканските системи низ целиот свет.
The post Научниците развија иновативна техника – можат да видат како изгледа внатрешноста на вулкан appeared first on Локално.