Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето-плата во август е 41.097 денари.
Според податоци на ДЗС, со месеци нема промена во однос на тоа во кој сектор е највиската просечна нето-плата. Станува збор за секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата за август изнесува 96.574 денари.
Следи секторот Научно истражување и развој со 62.421 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – 61.453 денари, Производство на фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 60. 595 денари и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 58.085 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кој сектор е највисоката бруто-плата во август
Просечната нето-плата во август 41.097 денари
The post Највисоки просечни нето плати во август appeared first on еМагазин.