Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како сиромав – на сите ни е позната оваа народна поговорка која не само што настанала и преживеала до денес.
Навистина, многу нутриционисти тврдат дека вечерата треба да биде најлесниот оброк, а тоа значи не толку количината на консумирана храна, туку содржината и храната што лесно се вари.
Многумина во процесот на слабеење прават голема грешка и ја прескокнуваат вечерата, што воопшто не е добро. Нутриционистите не препорачуваат легнување на празен стомак. Кога ќе заспиете гладни, има добри шанси да се разбудите погладни и да јадете многу повеќе калории за појадок.
Оброкот се приготвува за само 5 минути, а секако ќе ја поттикне работата на метаболизмот, потрошувачката на калории и ќе влијае на слабеењето.
Состојки:
- 1 цело јајце
- 3 белки
- свеж власец
- 1 лажичка магдонос
- 1 лажичка босилек
- 1 лажичка мајчина душица
- малку сол
Подготовка:
Подгответе го оброкот како класична кајгана. Исечкајте го свежиот власец, изматете ги јајцето и белката и додадете ги останатите зачини. Загрејте тава на шпорет и направете кајгана.
Овој оброк содржи доволно количество на витамини и протеини, па брзо ќе ве засити, а содржи само 200 калории. Поради содржината на протеини, тоа ќе има поволно влијание и на мускулниот тонус. По желба можете да изедете и парче тост.