Почеток БАЛКАН Најмалку тројца загинати во Нови Сад по уривањето на настрешницата на железничката станица

Најмалку тројца загинати во Нови Сад по уривањето на настрешницата на железничката станица

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Најмалку три лица се загинати по паѓањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, пишува српски „Новости“.

Настрешницата се урна на пладне, а на лице место пристигнати се два багери за да ги откопаат урнатините, додека седум екипи на брзата помош и три противпожарни возила се на терен. Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата и под која патниците чекаат автобуси за пригратските населби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Армираната конструкција долга 50 метри се урна од засега непознати причини, а според „Новости“ досега се извлечени три тела. Бројот на повредени лица сè уште се утврдува.

Градоначлникот на Нови Сад е на лице место,  а министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска ја прекина посетата на Црна Гора и се упати во Нови Сад.

The post Најмалку тројца загинати во Нови Сад по уривањето на настрешницата на железничката станица appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro