Најмалку 104 Палестинци, вклучувајќи 37 во близина на точките за дистрибуција на помош во Рафа, беа убиени во израелските напади низ Газа денес, објави „Ал Џезира“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија претходно денес дека „испукале предупредувачки истрели“ кога Палестинците се приближиле до центарот за дистрибуција на помош во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.
Откако Агенцијата за цивилна одбрана во Газа, предводена од Хамас, објави дека 26 Палестинци се убиени, а повеќе од 100 се ранети во близина на местото за дистрибуција на помош на Хуманитарната фондација Газа (GHF) во Рафа, израелската војска соопшти дека е свесна за извештаите за жртви откако нејзините војници испукале предупредувачки истрели, објави „Танјуг“.
Во соопштението се вели дека пред да ги испукаат истрелите, израелската армија ги повикала Палестинците да „држат растојание“.
ИДФ соопшти дека е „свесна за извештаите за жртви“ и дека инцидентот се истражува дополнително.
The post Најмалку 104 Палестинци се убиени во израелските напади низ Газа appeared first on Локално.