Неколку извори од „островото“ пренесуваат дека Арсенал остварил почетни разговор за ангажман на Кепа Аризабалага од Челси, најскапиот голман во светот ова лето е достапен за само 5 милиони фунти (околу 6 милиони евра).
Кепа Аризабалага во 2018 се пресели во Челси во зделка вредна околу 80 милиони евра, сума со која Шпанецот и понатаму е најскапиот голман во светот.
Како што пренесуваат медиумите од „островото“ тој ова лето ќе има смешна откупна клаузула и ќе може да биде купен за само 5 милиони фунти (околу 6 милиони евра).
И не само тоа, се шпекулира дека Кепа Аризабалага ќе направи шокантен трансфер во Арсенал.
„Топчиите“ веќе оствариле почетни преговори и опипуваат терен за можноста Шпанецот да стане број 2 на „Емирати“, односно да му биде резерва на Давид Раја.