Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во неделата посети Мекдоналдс во Пенсилванија и патем ја покрена приказната на демократската кандидатка Камала Харис дека никогаш не работела во синџир за брза храна додека била на колеџ, иако таа тврди дека работела.
За време на кампањата Харис зборуваше за своите искуства во Мекдоналдс, односно дека работела таму и подготвувала помфрит, па Трамп решил да се проба во таа работа.
„Основна вредност на мојата организација е тоа што гордо ги отвораме вратите за секој што ја посетува заедницата Фестервил“, рече сопственикот на Мекдоналдс Дерек Џакомантонио за необичната посета на Трамп.
🇺🇸 As President Trump is working the McDonald’s drive thru, a customer says “thank you for taking a bullet for us.”
We The People truly love President Trump. pic.twitter.com/GkP78b4QLW
— Nick Sortor (@nicksortor) October 20, 2024
Тој, исто така, објасни дека токму поради тоа го прифатил барањето на Трамп внимателно да го „послуша трансформативното работно искуство што го има секој осми Американец, работа во Мекдоналдс“.
Трамп, инаку, кога излегол од авионот, на новинарите им рекол дека „ќе бара работа во Мекдоналдс“ и дека „навистина сака да го прави тоа до крајот на својот живот“.
За потсетување, Камала Харис тврдеше дека работела како студентка во Мекдоналдс со цел да им се додвори на гласачкото тело и да покаже разбирање за борбата на ниската и средната класа.
За време на говорот во Северна Каролина на кој разговараше за нејзиниот предлог за контрола на цената, Харис рече дека била на колеџ кога „работела во Мекдоналдс за да заработи џепарлак“.