Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИНа 36 години – „Заспаниот“ принц на Саудиска Арабија е прогласен за мртов, 20 години бил во кома

На 36 години – „Заспаниот“ принц на Саудиска Арабија е прогласен за мртов, 20 години бил во кома

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Принцот на Саудиска Арабија, Ал-Валид бин Халид Ал-Сауд, е прогласен за мртов на 36-годишна возраст откако 20 години бил во кома. Во 2005 година, тој по сообраќајна несреќа доживеал крварење во мозокот.
Тој бил наречен „Заспаниот принц“. Тој е најстариот син на принцот Халед бин Талал Ал Сауд, кој ја потврдил веста за неговата смрт на социјалните мрежи.

„Со срца што веруваат во волјата и одлуката на Алах и со длабока тага и жал, тагуваме по нашиот сакан син, принцот Ал-Валид бин Халед бин Талал бин Абдулазиз Ал Сауд. Нека Алах му се смилува“, напишал тој.
Ал-Валид студирал на воена академија во Лондон кога доживеал тешка сообраќајна несреќа. Тој бил хоспитализиран во болница во Ријад.
Неговиот татко се надевал дека еден ден ќе се разбуди и досега решително ги одбивал предлозите на лекарите да го тргнат од апаратите за одржување во живот.

Погребот ќе се одржи денес во џамијата Имам Турки бин Абдула во Ријад.

Фото: Принтскрин/X

The post На 36 години – „Заспаниот“ принц на Саудиска Арабија е прогласен за мртов, 20 години бил во кома appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа