Почеток СВЕТНеколку стотини Израелци со вреќи на грбовите протестираа за гладните деца во Газа

Неколку стотини Израелци со вреќи на грбовите протестираа за гладните деца во Газа

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во екот на хуманитарната катастрофа, кога десетици деца и возрасни во Појасот Газа умираат од глад бидејќи до нив не стигнува хуманитарна помош, неколку стотини Израелци вчера се собраа на протест на плоштадот Хабима во центарот на Тел Авив, за да протестираат против гладот, убивањето цивили и окупацијата на палестинските територии, јавија светските новински агенции.

Носејќи големи фотографии на изгладнетите деца од Газа и со вреќи брашно на плеќите, демонстрантите порачаа „Победата не се однесува на телата на децата“.

 

Протестниот собир го организираше Standing Together, еврејско-арапска организација посветена на мировните иницијативи и соживотот. Алон Ли Грин, еден од директорите на организацијата порача дека е неприфатливо тоа што Израелците воопшто мора да протестираат против изгладнување на невини деца.

„Не можеме да веруваме дека мора да се бориме против глад што е предизвикана од нашата власт. Луѓето во Израел полека се будат, сфаќаат дека ова не е некоја измислена кампања. Гладот е вистински“, рече Грин.

Учесниците скандираа повеќе пароли: „Изгладнувањето на децата е воено злосторство“ и „Нема оправдување за гладот“.

„Не можеме да се преправаме дека ова е нормално. Не е нормално мајки на деца од 18 години да им даваат пуштки и да ги испраќаат да убиваат и да бидат убиени во енклава од 2 милиона луѓе. Не е нормално луѓе да се борат и да умираат за вреќа брашно. Не сме создадени за ваков живот и не смееме да молчиме“, рече Рула Дауд, ко-директорка на организацијата.

 

Додека демонстрантите маршираа кон Кинотеката во Тел Авив, некои ги поддржуваа, други ги игнорираа. Имаше и такви што протестираа против нив. Еден маж викаше дека во Газа нема глад и дека сето тоа е пропаганда на Хамас. Мораше да интервенира полицијата и да го одвои од поворката демонстранти.

The post Неколку стотини Израелци со вреќи на грбовите протестираа за гладните деца во Газа appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа