Почеток МАКЕДОНИЈА Нема да се одржат рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување директори поради немање уредна достава до сведоците

Нема да се одржат рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување директори поради немање уредна достава до сведоците

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Основниот суд во Струга денеска нема да се одржат двете закажани рочишта против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта поради немање уредна достава до сведоците.
Од судот за МИА информираат дека имале проблеми со достава до сведоците.
– Двајцата сведоци кои требаше денеска да бидат сослушани, по двата предмети, не се во можност да присуствуваат на рочиштето, изјави адвокатот на Мерко Игор Петкоски.
Во својство на сведоци денеска требаше да се појават поранешниот министер за образование, Јетон Шаќири и раководителот на секторот за финансии при Општина Струга, Абедин Нуроски.

The post Нема да се одржат рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување директори поради немање уредна достава до сведоците appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro