4
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, му се закани на новоименуваниот генерален секретар на Хезболах, шеикот Наим Касем.
На својот X профил Галант покрај сликата на Касем напиша дека терминот е „привремен“, но дека нема да трае долго, бидејќи, како што додаде во друга објава, „одбројувањето започна“.
Касем беше именуван за водач на групата откако Хасан Насрала беше убиен во израелски воздушен напад врз Бејрут минатиот месец.
Неколку дена по смртта на Насрала, Израел го објави и убиството на Хашем Сафиедин, шефот на извршниот совет на движењето, кој се очекуваше да стане следниот лидер.