Почеток СПОРТНенад Димитријевиќ е нов играч на Зенит

Ненад Димитријевиќ е нов играч на Зенит

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално денеска е промовиран како нов играч на Зенит.

Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со рускиот тим, прифаќајќи ја понудата откако минатата сезона ја мина во редовите на евролигашот Олимпија Милано. Сепак, по проблемите со тренерот Еторе Месина и неочекувано малата минутажа, се одлучи да замине од клубот.

Македонскиот кошаркар веќе настапуваше во ВТБ лигата две сезони, но во дресот на Уникс. Освои една шампионска титула во регионалното натпреварување со тимот од Казањ, а беше прогласен и за МВП на плејофот и на основниот дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа