Почеток СВЕТ Нетанјаху го разреши министерот за одбрана на Израел

Нетанјаху го разреши министерот за одбрана на Израел

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант, пренесува Хаарец.

Нетанјаху потврди дека Глант е разрешен, а како министер за одбрана ќе го замени Израел Кац, кој е министер за надворешни работи.

Иако, според Нетанјаху, постоела „продуктивна соработка“ во првите месеци од војната, „последниве месеци се појавија значителни разлики во стратегијата меѓу него и Галант“.

Премиерот на Израел изјави дека „Галант донел одлуки и давал изјави кои се спротивставуваат на одлуките на владата“.

– Направив многу обиди да го премолам ова, но конфронтациите беа сè почести, рече Нетанјаху.

Јавноста дозна за сè на неприфатлив начин, а што е уште полошо, дознаа и непријателите – нашите непријатели уживаа во тоа и добија голема корист“, рече премиерот.

Нетанјаху вели дека повеќето членови на владата се согласуваат со неговата одлука.

Текстот Нетанјаху го разреши министерот за одбрана на Израел е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro