Почеток КУЛТУРА Нетанјаху до американските претставници во посета на Ерусалим: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

Нетанјаху до американските претставници во посета на Ерусалим: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача денеска на американските претставници кои пристигнаа во Ерусалим за да разговараат за прекинот на огнот во израелската војна со либанскиот Хезболах, дека примирјето пред се мора да ја гарантира безбедноста на Израел.

„Главното прашање е способноста и решеноста на Израел да го спроведе договорот и да спречи каква било закана од Либан за неговата безбедност, на начин што ќе му овозможи на раселеното население да се врати на северот на земјата“, им рече Нетанјаху на пратениците Амос Хохштајн и Брет Мекгурк , се вели во соопштението на Кабинетот на Нетанјаху.

Двајца претставници на Белата куќа за Блискиот Исток претходно се сретнаа со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

„Разговорите се фокусираа на стратешките предизвици и можности во регионот, на безбедносните аранжмани поврзани со северната област (на Израел) и Либан и напорите да се обезбеди ослободување на заложниците кои се во Газа по повеќе од една година војна со палестински Хамас“, се вели во соопштението.

Состаноците се дел од интензивните напори на САД за посредување за прекин на огнот за ставање крај на 13-месечната војна во северен Израел и јужен Либан, според израелските медиуми.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro