Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Нетанјаху се надева дека ќе постигне мировни договори со неколку арапски земји по завршувањето на војната

Нетанјаху се надева дека ќе постигне мировни договори со неколку арапски земји по завршувањето на војната

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева дека ќе постигне мировни договори со неколку арапски земји кога ќе заврши израелската војна против Хамас и Хезболах.

„Денот откако Хамас повеќе нема да ја контролира Газа и Хезболах веќе не е на нашата северна граница, ќе работиме на планови за стабилизирање на тие два фронта. Но, следниот ден тоа вклучува нешто друго од исклучително значење“, рече Нетанјаху во  говорот пред парламентот.

Тој посочи дека се стреми да го продолжи процесот што го водел пред неколку години од потпишувањето на историскиот Абрахамски договор и да постигне мир со неколку арапски земји.

„Овие и другите земји јасно ги гледаат ударите што ги нанесуваме на оние кои не напаѓаат, иранската оска на злото. Тие се стремат, како и ние, кон стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток“, рече Нетанјаху, пренесе Танјуг.

Израел ги нормализираше односите со четири арапски земји – Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан – според договорите од 2020 година со посредство на САД.

После тоа, Израел со поддршка на САД се обиде да постигне договор со други земји, особено со Саудиска Арабија.

Ријад, сепак, рече дека нема да го признае Израел додека не се создаде палестинска држава.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro