Бразилскиот напаѓач Нејмар плати 1,3 милиони евра за реплика на Бетмобилот, возилото на Бетмен од филмската трилогија на Кристофер Нолан, кое се снимаше од 2005 до 2012 година.
Кој чека, тој ќе дочека. Тој го исполни детскиот сон на Нејмар, па сега поседува Бетмобил. Да, добро прочитавте, тоа е реплика на автомобилот од познатиот филм.
Нејмар чекаше на ова возило цели три години. Проблемот е, но и можеби не, што тој нема да може да го вози по службени патишта, туку само на приватен имот.
Бетмобилот на Нејмар наводно ја има целата опрема како во филмот, вклучувајќи пламенофрлач на каросеријата. Исто така, нема огледала или таблички, ниту е во согласност со прописите во Бразил.
Поради оваа причина, 33-годишниот напаѓач мора да го чува ова возило во својот дом во бразилскиот град Сантос. Бетмобилот има помеѓу 450 и 500 коњски сили и е дизајниран од Адемар Кабрал, кој тврди дека секој дел го направил рачно.
The post Нејмар купи Бетмобил од 1,3 милиони евра, но не може да го вози appeared first on Локално.