Почеток СПОРТНејмар плати 1.3 милиони евра за „Бетмобил“

Нејмар плати 1.3 милиони евра за „Бетмобил“

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нејмар е секогаш во центарот на вниманието на теренот или надвор од него.

Ексцентричниот бразилски фудбалер овој пат отиде чекор подалеку, може да се каже дека ја помина играта со купувањето на Бетмобил“.

Фудбалерот на Сантос сака сè што е поврзано со познатиот Бетмен, па затоа го нарача и својот легендарен автомобил, кој конечно пристигна.

Уште полуда е цената. За ова возило, тој плати сума од 1.300.000 евра?! Не е крај! Бидејќи не е класичен автомобил, не може да го регистрира и да го вози надвор од својот имот.

Нејмар се залепи за чудовиштето“ на тркала од 4,65 метри, ширина од 2,8 метри, додека каросеријата е направена од јаглеродни влакна и кевлар.

Под хаубата се наоѓа 6,2-литарски V8 мотор со дури 525 коњски сили.

Она што сите најмногу го коментираат е пламенот од задниот дел на Бетмобилот“, исто како во оригиналните филмови за Бетмен.

Текстот Нејмар плати 1.3 милиони евра за „Бетмобил“ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа